Амигдала
Центар за психотерапија и едукација
Запознајте нѐ
Центарот за психотерапија и едукација АМИГДАЛА е здружение на граѓани формирано во Скопје 2010 г. со делување на национално ниво во Република Македонија. На оваа официјална веб страна можете да се информирате повеќе за програмата, активностите и членовите на здружението.
“Амигдала” е здружение за психотерапија и едукација и како непрофитна организација е формирано и регистрирано во Март 2010 година, а израсна од визијата и напорната работа на кабинетот за психотерапија “Сега и овде” кој пак е формиран во март 2005 година. Денеска брои 32 членови, од повеќе профили, но најголем број од нив се дипломирани психолози или студенти по психологија.Во рамките на АМИГДАЛА функционира ШКОЛА ЗА ПСИХОТЕРАПИЈА преку ПСИХОДРАМА, која е членка на ФЕПТО (Европска Федерација за Психодрама Тренинг Организации).
Амигдала организира
- Работилници
- Конференции
- Едукација
Сега и овде
Кабинет за психотерапија