На конференцијата се состанаа 40 истражувачи и експерти од 15 европски и медитерански земји, кои ги изнесоа, дискутираа и развиваа нивните истражувачки проекти и идеи. Особено е важно да се спомене дека се повеќе и повеќе млади луѓе со истражувачки интерес се приклучуваат истражувачкиот комитет. На средбата имавме можност да се претставиме и да дискутираме за истражувачки проекти, истражувања идеи и да ги споделме истражувачките искуства.
Интересот се концентрира околу пет главни теми;
-Истражувања за ефективноста и ефикасноста на психодрамата
– Истражувачки алатки, нивно креирање и анализа во клиничката пракса
– Психодрама со децата и адолесцентите
– Истражувања во обуката за психодрама
– Градење на капацитетите за истражување
Амигдала се претстави со истражувањето: Образовни и лични процеси во психодрама психотерапија – пилот проект Автори: Мирјана Јовановска СтојановскаИлија Дојчиновски, Весна Блажевска, Маргарита Николовска.

Пилот проектот ги воведува нашите ученици во идејата дека истражувањето на процесите низ кои поминуваат е дел од нивното учење и нивниот професионален развој. Ние им покажуваме дека истражувањето е потребно за развивање на нивното критичко размислување и проширување на свеста за психолошките и телесни процеси. Со ова ги учиме како да го прифатат истражувањето како дел од нивната терапевтска работа и дека овие два аспекти се взаемно зависни. Истовремено ги поддржуваме и вклучуваме да учествуваат во истражувачки проекти, да спроведуваат истражување и ги учиме како да ги користат резултатите од тоа истражување. Особено ги охрабруваме да ја аплицираа својата креативна адаптација, како дел од нивните професионални и животни процеси.

http://www.fepto.com/wp-content/uploads/RC-Lisbon-report.pdf