КОИ СЕ ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО?
- Афирмирање и популаризација на психотерапијата преку ширење и делување
- Афирмација и популаризација на Психодрамата како метод на психотерапијата
- Афирмација и популаризација на Гешталт терапијата како метод на психотерапија
- Афирмирање и популаризација на психотерапијата преку очувување на менталното здравје на населението
- Користење на Психотерапијата за развој на креативноста кај поединци и групи, како и придонесување за нивен личен развој
- Организирање на едукација по два психотерапевтски модалитети Психодрама и Психодрамска Психотерапија
- Организирање на разни облици на едукација со поединци и групи
- Организирање на разни трибини и работилници заради едукација на поединци и групи, објавување на списанија и сл.
- Организирање на тематски вечери, конгреси и други облици на едукација и ширење на психотерапијата и на методите на Психодрама и Гешталт терапија
- Вршење и други активности и облици на работа кои придонесуваат за ширење на психотерапијата и подобрување на менталното здравје на населението.