ПЛЕЈБЕК ТЕАТАР
На петтата конференција на Млади Психолози, членовите на “Амигдала” презентираа Плејбек Театар.
Што е Плејбек и зошто Плејбек?
- Плејбек Театарот е импровизирана форма каде личните приказни раскажани од членовите на публиката се трансформирани во театарски чинови. Приказните можат да се однесуваат на се; можат да бидат сеќавање од детството, анегтоти од работното место или патувањата, актуелни животни дилеми или визии за иднината.
- Тие приказни се одигруваат од тренирани актери преку импровизирани говори, разговори, движењa и музика. Понекогаш приказните постануваат надреални, понекогаш се сосем реални, понекогаш се тажни, радосни или простветлувачки, но секогаш носат увиди, нови решенија, нови доживувања и за раскажувачот и за публиката.
- Токму во тоа е убавината на плејбек театарот зашто она што може да се види и доживее преку него е токму неочекувано ново и ја вади публиката надвор од рамките на усталениот тек на размислување, функционирање и битиствување.
- Во организациите плејбек театарот е потентна сила која може да го олесни процесот на прифаќање на промените, на креативно решавање на проблемите, во поделба на надежта во иднината, во повторно откривање и воспоставување на врската со вистинското Јас, во подобро меѓусебно запознавање и прифаќање на себе си и другите.
Придобивки од Плејбек Театарот
- Гради чувство на заедништво
- Им помага на луѓето да погледнат на настанот од многу различни страни
- Ги разбива старите шеми на мислење и однесување
- Ги валидира чувствата и искуствата на членовите на публиката
- Ги презентира универзалните вистини и трендови на човечките состојби
- Визуелно и катарзично уметничко доживување
- Промовира сочувство и емпатија во секоја заедница
- Им помага на луѓето да се сетат и прифатат
- Помага во креативно прилагодување
- Подобро запознавање на себе си и другите.