Action Methods and Experiential Learning – Practice-Oriented Research in Psychodrama 26th of February – 1st of March 2015, Intituto Universitário (ISPA), Lisbon/Portugal

Action Methods and Experiential Learning – Practice-Oriented Research in Psychodrama
26th  of February – 1st of March 2015, Intituto Universitário (ISPA), Lisbon/Portugal

На конференцијата се состанаа 40 истражувачи и експерти од 15 европски и медитерански земји, кои ги изнесоа, дискутираа и развиваа нивните истражувачки проекти и идеи. Особено е важно да се спомене дека се повеќе и повеќе млади луѓе со истражувачки интерес се приклучуваат истражувачкиот комитет. На средбата имавме можност да се претставиме и да дискутираме за истражувачки проекти, истражувања идеи и да ги споделме истражувачките искуства.

Интересот се концентрира околу пет главни теми;

-Истражувања за ефективноста и ефикасноста на психодрамата

– Истражувачки алатки, нивно креирање и анализа во клиничката пракса

– Психодрама со децата и адолесцентите

– Истражувања во обуката за психодрама

– Градење на капацитетите за истражување

Амигдала се претстави со истражувањето: Образовни и лични процеси во психодрама психотерапија – пилот проект  Автори: Мирјана Јовановска СтојановскаИлија Дојчиновски, Весна Блажевска, Маргарита Николовска.

slika3

Пилот проектот ги воведува нашите ученици во идејата дека истражувањето на процесите низ кои поминуваат е дел од нивното учење и нивниот професионален развој. Ние им покажуваме дека истражувањето е потребно за развивање на нивното критичко размислување и проширување на свеста за психолошките и телесни процеси. Со ова ги учиме како да го прифатат истражувањето како дел од нивната терапевтска работа и дека овие два аспекти се взаемно зависни. Истовремено ги поддржуваме и вклучуваме да учествуваат во истражувачки проекти, да спроведуваат истражување и ги учиме како да ги користат резултатите од тоа истражување. Особено ги охрабруваме да ја аплицираа својата  креативна адаптација, како дел од нивните професионални и животни процеси.

slika4

http://www.fepto.com/wp-content/uploads/RC-Lisbon-report.pdf