Психескоп vol.2 – Здружението на студенти по психологија ЗСП „ПСИХЕСКОП“ организира дводневен настан на тема Психотерапија и психотерапевтски правци . Настанот се одржа на 30.10.2015 и 31.10.2015 во просториите на Филозофскиот Факултет.

ПСИХОТЕРАПИЈА И ПСИХОТЕРАПЕВТСКИ ПРАВЦИ

psihesko1
Здружението на студенти по психологија ЗСП „ПСИХЕСКОП“  организира дводневен настан на тема Психотерапија и психотерапевтски правци . Настанот се одржа на 30.10.2015 и 31.10.2015 во просториите на Филозофскиот Факултет.

Цел на настанот беше запознавање на студентите и останатите заинтересирани граѓани со поимот психотерапија, нејзините цели и задачи, како и запознавање со некои од најпознатите психотерапевтски правци. Истиот беше исполнет со предавања и интерактивни работилници од страна на реномирани психотерапевти во Р.Македонија.

Школата за психодрама психотерапија „АМИГДАЛА“ учествуваше во настанот со следните содржини:

psihesko2

13:00 – 13:45 Предавање – Психодрама (Маргарита Николовска / Центар за психотерапија и едукација ,,Амигдала”)

На предавањето беа изложени основните принципи и елементи на психодрамата. Слушателите беа на кратко запознаени со нејзината историја и место помеѓу психотерапевтските прваци и со начинот на кој таа функционира. Предавањето покрена интерес и прашања кај слушателите.

psihesko3
13:45 – 15:00 Работилница – Психодрама (м-р Илија Дојчиновски / Центар за психотерапија и едукација ,,Амигдала”)

На работилницата учесниците имаа можност да учествуваат во социометрија и психодрама во еден чин. Учесниците беа мотивирани, анимирани и активно се вклучија во процесот.  Атмосферата беше работна и топла во исто време, всушност каква што е и психодрамата – истовремено и длабока но и природна, па затоа лесна да се носи со секогаш присутната одредена доза на хумор.