Тренинг програма

Тренинг програмата на “Амигдала” ги содржи следните основни елементи: лично искуство, теоретско образование и супервизија.

  • Лично искуство (т.е терапија) – е организирано како работа на личниот раст и развој на едукантите во психодрамската група кое континуирано се одвива за време на најмалку 800 часа, распоредени во текот на четири до пет години.
  • Теоретско образование – е организирано низ лекции од теорија, специјални семинари и тестови и содржи различни теми од теоријата на приходрама, но содржи и релевантни теми од други психотерапевтски модели, од психологија и психопатологија. Лекциите ги предаваат тренерите на “Амигдала” и други соработници – експерти во одредени полиња. Едукантите се подготвуваат за дискусии на претходно одредените теми од “Адмигала”. Бројот на теоретските часови е 416 распоредени во текот на четири до пет години.
  • Формирање и водење на психодрамска група под индиректна супервизија – најмалку 240 часа во текот на 2 години. Супервизијата не може да започне пред едукантот да влезе во третата година на едукација.
  • Супервизија се состои од директна и индиректна супервизија. Директната супервизија се одвива во присуство на тренер во едукациската група, со Бројот на часови на директна супервизија е најмалку 60 часови. Индиректната супервизија е организирана низ напишани известувања за секоја сесија која едукантот ја извршува во својата група, која ја започнува од својата трета година на едукација
  • Лично искуство во индивидуален психодрамски пристап – најмалку 40 часа
  • Лично искуство – со друг психотерапевтски модел и/или друга психодрамска група и/или учество на психотерапевтски искуствени работилници водени од странски терапевти – најмалку 200 часа
  • Индивидуална психотерапија – најмалку 60 часа , распоредени во текот на 4 до 5 години.

ВКУПНИОТ БРОЈ НА ЧАСОВИ НА ЕДУКАЦИЈА ВО ПСИХОДРАМСКИОТ ТРЕНИНГ на “Адмигала” изнесува 1640 часа.

Освен 1640 часови тренингот вклучува и една година професионално искуство во работа од областа на душевно здравје или слично професионално искуство.

Кандидати за тренинг

Кандидатите за тренинг на психодрамска едукација е потребно да бидат на возраст над 22 години.

Идните едуканти потребно е да поминат низ процес на селекција.

Селекцијата ја вршат тројца различни тренери кои прават интервју со кандидатот. Одлуката за прифаќање на кандидатот за едукант се донесува врз основа на консензус на тројцата тренери.

Од кандидатот се бара и да поднесе ЦВ и мотивационо писмо.

Тренингот започнува во искуствена психодрамска група со додатни теоретски лекции во првата година и дополнителни активности во годините кои следат.

Доколку тренингот е организиран надвор од главниот кабинет во Скопје, тогаш тој е поделен на основен курс и напреден курс врз основа на истата прогама како и тренингот кој е организиран во Скопје.

Критриуми за здобивање на диплома за Психотерепевт на Психодрама:

  • Универзитетска диплома или диплома за високо образование
  • Најмалку 800 часови на искуствена терапија во психодрамска група.
  • Најмалку 60 часови на индивидуална психотерапија.
  • Учество на 46 часови на теоретско образование.
  • Водење на психодрамска група под супервизија – најмалку 240 часови.
  • Индиректна супервизија – најмалку 60 часа.
  • Директна супервизија – најмалку 60 часови.
  • Најмалку 40 часови на лично искуство во индивидуални сесии со психодрамски елементи.
  • Здобиено искуство со други психотерапевтски модели и/или друга психодрамска група и/или присуство на работилници организирани од надворешни/странски терапевти – 200 часа.
  • Согласност од супервизорите и тренерот дека кандидатот е подготвен за испит.
  • Успешно зваршување на тестовите од задолжителните теоретски теми.
  • Напишан завршен есеј.
  • Успешно поминување на звршниот испит од психодрама.
Процес на супервизија:

Процесот на супервизија ги содржи следите основни елементи: директна супервизија и индиректна супервизија.

  • Директна супервизија се обавува во едукационата психодрамска група каде едукантот ја води психодрамската сесија во присуство на тренер/ супервизор. Во делот од сесијата наречен процес се анализираат одвивањето, техниките и различните пристапи употребени за време на сесијата.
  • Индиректна супервизија се одвива од страна на супервизорот кој ја следи работата на едукантот во групата која независно ја формира и ја води во третата година на психодрамски тренинг.

Индиректната супервизија може да се однесува и на индивидуална терапија и на мали групи. Едукантите се обврзани да подготват детални извештаи за секоја сесија. Супервизорот го надгледува напредокот на едукантот и дава извештај за постигнувањата и бројот на завршени часови на супервизија пред завршниот испит.

Психодрамски тренинг на “Адмигала’ надвор од главниот кабинет во Скопје

Тренингот е организиран и за Психодрамска Едукативна група во Битола, каде е организиран како „блок форма“ (работилница преку викендите) според истата програма на тренинг во Скопје, седиштето на „Адмигала“. Ги содржи сите веќе наведени елементи на тренинг и вкупен број на часови 1816. Овој тренинг може да биде поделен на два дела: Основен курс и напреден курс. Доколку е потребно основниот курс може да биде организиран во Скопје.

Завршниот испит вклучува:

  • Напишан есеј на тема од психодрама ( најдобро е да е поврзан со искуство на водење на психодрамска група под супервизија).
  • Завршниот испит е организиран во психодрамската едукациона група или на работилница организирана со таа цел (во присуство на другите психодрамски тренери)
  • Најмалку двајца тренери од “Адмигала” и еден надворешен тренер од друга едукативна школа, ја сочинуваат испитната комисија. Не е дозволено тренерите да бидат во терапевтска врска со едукантите кои го полагаат испитот.
  • Супервизорот дава рапорт за процесот на супервизија пред почетокот на испитот.
  • Едукантот ја води целокупната психодрамска сесија во траење од 3 часа и е составена од следните фази:
  1. Загревање
  2. Психодрамска сесија
  3. Споделување
  4. Процес – во кој едукантот ги објаснува методите и техниките кои тој/таа ги употребил во текот на психодрамската сесија .
Комисијата ја евалуира сесијата насамо, а потоа го објавува резултатот на испитот. Со успешното положување на завршниот испит едукантот го завршува психодрамскиот тренинг и добива статус на Психодрамски Терапевт и се здобива со цертификат од “Адмигала” .