Работилница-Мај (2013)

КОРИСТЕЊЕ НА ПСИХОДРАМСКИ ТЕХНИКИ ВО СПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНИ КРИЗИ

najava-L

  • Повеќето од нас барем еднаш во животот се соочуваат со проблеми кои ги преплавуваат, со ситуации кои ги доживуваат како преголеми тешкотии и кои ги надминуваат нивните вештини на справување.
  • Тие состојби ги нарекуваме животни кризи. Криза можат да бидат ненадејни промени или нестабилни ситуации во животот на една личност, клучни и одлучувачки моменти кога се случуваат пресврти. Криза може да биде и амплитудната точка во некоја драма или ситуација, кога конфликтот ја достигнува својата највисока напнатост и мора да биде решен.
  • Но првенствено криза е личното доживување за тоа што се случува, зашто некои настани кои кај еден човек ќе предизвикаат криза, кај други луѓе ќе поминат без поголеми тешкотии. “… Криза е перцепција или искуство на настан или ситуација како неподнослива тешкотија што ги надминуваат постоечките ресурси и механизми за справување на човекот.” – James и Gilliland, 2001
  • Кај Кинезите зборот криза има две значења: препрека но и можност. Кризата секогаш е и можност за растење за развој и промена на човекот…
  • Семинарот се одржа на 18 и 19 мај, 2013 година во пријатен амбиент во с. Нерези, Скопје.

1-maj-L

  • На семинарот учесниците се стекнаа нови знаења и извежбаа нови психодрамски техники за справување со животните кризи. Користејќи ја психодрамата ги согледаа настаните и ситуациите во кои се наоѓаат од различни мета позиции, експериментираа и пронаоѓаа нови решенија на своите животни кризи, испробаа нови начини на однесување.
  • Учесниците се здобија и со сертификати 16 часови учество на Психолошка Работилница.

2-maj-L