Почетна


Амигдала здружение за психотерапија и едукација
Центарот за психотерапија и едукација АМИГДАЛА е здружение на граѓани формирано во Скопје 2010 г. со делување на национално ниво во Република Македонија. На оваа официјална веб страна можете да се информирате повеќе за програмата, активностите и членовите на здружението.

"Амигдала" е здружение за психотерапија и едукација и како непрофитна организација е формирано и регистрирано во Март 2010 година, а израсна од визијата и напорната работа на кабинетот за психотерапија "Сега и овде" кој пак е формиран во март 2005 година. Денеска брои 32 членови, од повеќе профили, но најголем број од нив се дипломирани психолози или студенти по психологија.Во рамките на АМИГДАЛА функционира ШКОЛА ЗА ПСИХОТЕРАПИЈА преку ПСИХОДРАМА, која е членка на ФЕПТО  (Европска Федерација за Психодрама Тренинг Организации).


Делување
Методи за остварување на мисијата и целит
  • Едукација на професионалци и студенти во областа на психотерапијата
  • Размена на информации и литература
  • Публикување и промоција на научна литература
  • Во своето делување организира настани, публикува материјали и разменува искуства и информации преку членување во релевантни национални, регионални и меѓународни мрежи и асоцијации.

Цели и задачи
Афирмирање и популаризација на психотерапијата и Психодрамата
  • Здружението има повеќе цели и задачи меѓу кои најзначајни се афирмирање и популаризација на психотерапијата и Психодрамата како психотерапевтски пристап преку очувување на менталното здравје на населението и подигање на свеста за можностите на психотерапијата како незаменлива алатка за личен раст и развој на здравото население, и потребата и значењето на менталната хигиена.
  • Другите цели и задачи на здружението "Амигдала" се однесуваат во правец обуката, т.е едукација на нови Психодрама Психотерапевти и Психодраматичари по Европски стандарди и во Европа признати дипломи.