Петтаконференција на млади психолози-Мај (2013)

ПЛЕЈБЕК ТЕАТАР

 

plejbek teatar

На петтата конференција на Млади Психолози, членовите на “Амигдала” презентираа Плејбек Театар.

 

Што е Плејбек и зошто Плејбек?

  • Плејбек Театарот е импровизирана форма каде личните приказни раскажани од членовите на публиката се трансформирани во театарски чинови. Приказните можат да се однесуваат на се; можат да бидат сеќавање од детството, анегтоти од работното место или патувањата, актуелни животни дилеми или визии за иднината.
  • Тие приказни се одигруваат од тренирани актери преку импровизирани говори, разговори, движењa и музика. Понекогаш приказните постануваат надреални, понекогаш се сосем реални, понекогаш се тажни, радосни или простветлувачки, но секогаш носат увиди, нови решенија, нови доживувања и за раскажувачот и за публиката.

Plejbek

  • Токму во тоа е убавината на плејбек театарот зашто она што може да се види и доживее преку него е токму неочекувано ново и ја вади публиката надвор од рамките на усталениот тек на размислување, функционирање и битиствување.

plejbek

  • Во организациите плејбек театарот е потентна сила која може да го олесни процесот на прифаќање на промените, на креативно решавање на проблемите, во поделба на надежта во иднината, во повторно откривање и воспоставување на врската со вистинското Јас, во подобро меѓусебно запознавање и прифаќање на себе си и другите.

plejbek

 

Придобивки од Плејбек Театарот

  • Гради чувство на заедништво
  • Им помага на луѓето да погледнат на настанот од многу различни страни
  • Ги разбива старите шеми на мислење и однесување
  • Ги валидира чувствата и искуствата на членовите на публиката
  • Ги презентира универзалните вистини и трендови на човечките состојби
  • Визуелно и катарзично уметничко доживување
  • Промовира сочувство и емпатија во секоја заедница
  • Им помага на луѓето да се сетат и прифатат
  • Помага во креативно прилагодување
  • Подобро запознавање на себе си и другите.