За нас

ЦЕНТАР ЗА ПСИХОТЕРАПИЈА И ЕДУКАЦИЈА

amigdala

Центарот е професионално ориентирано здружение на психолози, психотерапевти, едукатори, други професионалци, како и студенти во сферата на менталното здравје на човекот. Здруженитето е формирано во Скопје 2010 г. со делување на национално ниво во Република Македонија.


ТРЕНЕРИ И СУПЕРВИЗОРИ

Мирјана Јовановска – Стојановска

MIrjana

Дипломиран психолог и психотерапевт – Универзитетот во Москва и Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, постдипломски студии од клиничка психологија и советување. Дополнителна едукација преку различни семинари, работилници, конференции и тренинзи за гешталт и психодрама (Англија, Германија, Израел, Шведска, Русија, Грција и др.). Членка на Македонската и Европската Гештал Асоцијација, како и гешталт здружението Контакт. Мирјана Јовановска – Стојановска е Психодрама тренер и супервизор.


Маргарита Николовска

Margarita

Дипломиран психолог и Психодрама психотерапевт, постдипломски студии на клиничка психологија и советување. Претседател е на “Амигдала” Скопје, каде ги води организациските и административните работи. Работи со група за личен раст и развој, индивидуални психотерапевтски третмани, психолошко советување и психодијагностика. Таа е и тренер за психосоцијална рехабилитација и инклузија на пазар на труд на ранливи групи на граѓани.


Емилија Угриновска

Emilija

Дипломиран психолог и Гешталт психотерапевт – Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, постдипломски студии од Менаџмент на човечки ресурси. 7 годишно работно искуство во ПЗУ Неуромедика Скопје како психолог и психотерапевт. Искуство од област на психометрика во Министерство за Образование на РМ. Членка на Македонската и Европската Гешталт Асоцијација, антимобинг советник на Р.М.


Весна Блажевска

Vesna (1)

Дипломиран психолог, Психодрама психотерапевт- Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, постдипломски студии од клиничка психологија и советување. Дополнителна едукација низ различни семинари, конференции, работилници и тренинзи. Работно искуство во област на психодијагностика со најсовремени методолошки алатки, индивидуална психотерапија, психолошко советување и група за раст и развој.


Одед Наве

odet

Одед Наве е Психодрама Тренер и Психотерапевт, и доаѓа од “Кивинум” Институт од Израел. Своето образование го завршил на Лелси – Институтот во Масачусец, САД. Тој е наш визитинг тренер и супервизор.

 


Питер Хејворт

Piter

Питер Хејворт е Психодрама тренер и Психотерапевт од Оксфорд, Англија. Предава во ОСПИП Институтот за Психодрама каде во соработка со Универзитетот во Рочестер Психодрамата се изучува на ниво на Мастер студии. Тоје наш соработник, визитинг тренер и супервизор.


Владимир Милошевиќ

VladimirДр.Владимир Милошевиќ доаѓа од Институтот за Психодрама – Белград. Тој е наш соработник, визитинг тренер и супервизор.